20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Министерство за одбрана на Турција: За два дена неутрализирани 22 терористи на ПКК

Турските безбедносни сили вчера и денеска неутрализираа 22 припадници на терористичката организација ПКК/ЈПГ, 12 во северна Сирија и десет во северен Ирак, соопшти во саботата Министерството за одбрана.

– Вчера и денеска се неутрализирани вкупно 22 терористи, од кои 10 во северен Ирак и 12 во северна Сирија. Тие ќе одговараат за нашите маченици каде и да се. Со почит и милост кон нашите маченици – се наведува во соопштението на министерството.

Турција во април ја започна операцијата „Катанец канџи“ со цел да ги таргетира засолништата на терористичката организација ПКК во северните ирачки региони Метина, Зап и Авасин-Басјан, кои се блиску до турската граница.

На тоа му претходеа операциите „Канџа-тигар“ и „Канџа-орел“ започнати во 2020 година за искоренување на терористите кои се кријат во северен Ирак и планираат прекугранични напади во Турција.

Спонзорирано: