15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

(ЗАСТРАШУВАЧКО ВИДЕО) Катастрофа во Италија: Свлечиште проголта згради и автомобили, осум лица загинаа, се трага по 13

Тринаесет лица се водат како исчезнати на италијанскиот остров Искија, откако лизгање на земјиштето предизвикано од обилниот дожд затрупа некои згради и автомобили.

Италијанската противпожарна бригада на Твитер објави дека невремето започнало во 4 часот наутро и предизвикало поплави и лизгање на земјиштето на вулкански остров во Тиренското Море на околу 30 километри од Неапол.

Потрагата по исчезнати лица е во тек, а се стравува дека бројот може да се зголеми. Министерот Матео Салвини рече дека загинале осум лица, додека владата изразила солидарност со погоденото население.

Според италијанските медиуми, има исчезнати лица, меѓу кои и семејство составено од маж, жена и бебе и 25-годишна девојка.

Противпожарната бригада не соопштува детали за бројот на исчезнати лица, а ги навела тешкотиите да се стигне до островот со моторни чамци и хеликоптери поради лошите временски услови.

Надлежните апелираат до граѓаните да не излегуваат од домовите. Локалните пожарникари соопштија и дека успеале да спасат две лица кои биле во автомобил кој паднал во морето.

Паднаа камења од планината, протокот затрупа некои куќи и влечеше автомобили до морето. Се урнаа 10 згради.

Министерот за цивилна заштита Нело Мусумечи изјави дека на Ишја паднало големо количество дожд.

– Постојано го следиме развојот на ситуацијата. Што да кажеме, огромен одрон нагоре од Казамикола зафати неколку домови. Вкупниот број на исчезнати лица е дефиниран со координација на Префектурата, која е во врска и со сите градоначалници на островот за превентивна евакуација на другите семејства – рече Мусумеци.

Спонзорирано: