12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Започна евакуација од Херсон

Воз тргна од Херсон за Хмелницки со првите 100 жители кои одговорија на повикот на владата за евакуација поради проблеми предизвикани од оштетување на инфраструктурата.

Меѓу нив има 26 деца, седум неподвижни пациенти и шест лица со попреченост, соопшти украинското Министерство за реинтеграција на привремено окупирани територии, а пренесува Укринформ.

Претходно, шефот на регионалната државна управа во Херсон, Јарослав Јанушевич, повика на евакуација на граѓаните во другите делови на Украина, поради, како што наведе, големата опасност од гранатирање од страна на руските сили и проблемите што се појавија.

Спонзорирано: