10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Заедничка акција на црногорската и албанската полиција: Запленета поголема количина кокаин

Во заедничка акција на црногорската и албанската полиција запленета е поголема количина кокаин. Според истите информации, кокаинот, скриен во вреќи со вештачко ѓубриво, црногорските полицајци го откриле уште во јули, со помош на Управата за приходи и царина, откако пратката пристигнала во пристаништето Бар, пишува „Вијести“.

Инспекторите на Секторот за борба против криминал тогаш во соработка со Вишото државно обвинителство и колегите од Албанија процениле дека пратката ја држеле под надзор додека не дојде нарачателот по неа, што се случи денеска.

Според информациите на „Вијести“ во таа акција биле уапсени неколку лица, а на територијата на Албанија, блиску до Тирана, се претресува магацин во сопственост на еден од уапсените.

Спонзорирано: