5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Фон дер Лајен: Го подготвуваме деветтиот пакет санкции против Русија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека Европската унија (ЕУ) го подготвува деветтиот пакет санкции против Русија.

– Напорно работиме да ја погодиме Русија онаму каде што боли, со цел дополнително да ја затапи нејзината способност да води војна против Украина – рече фон дер Лајен во говорот што го одржа за време на посетата на финскиот главен град Хелсинки.

Таа додаде дека ЕУ, заедно со Групата 7 и другите големи партнери, наскоро ќе ја одобри горната граница на цената на руската нафта.

– Нема да мируваме додека Украина не го порази (рускиот претседател Владимир) Путин и неговата незаконска и варварска војна – изјави шефот на ЕК.

Таа го привлече вниманието на фактот дека Украинците минуваат низ тешки услови за живот поради руските напади врз инфраструктурата кои доведоа до недостиг од вода и струја, а за таквата ситуација го обвини рускиот лидер Путин.

– Бебињата, нивните родители, баби и дедовци смрзнуваат во мрак и најостро ги осудувам овие варварски напади. Но, знам и дека нашите украински пријатели ќе ја надминат оваа трагедија бидејќи се силни – рече таа.

Украинската национална енергетска компанија „Укренерго“ во средата објави дека вовела итен прекин на струја низ Украина поради влијанието врз енергетската инфраструктура на земјата.

Енергоатом, националната нуклеарна компанија на Украина, додаде дека сите единици во четирите нуклеарни централи во земјата автоматски се затворени поради намалувањето на фреквенцијата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) „цврсто да реагира“ против Русија поради руските ракетни напади врз електричната инфраструктура на неговата земја.

Зеленски, исто така, ја обвини Русија дека се обидува да го „претвори зимскиот студ во оружје за масовно уништување“.

Спонзорирано: