11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сметководителот на Трамп: Во 2009 година пријави загуба од 700 милиони долари

Доналд Бендер, личен сметководител на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, изјави вчера пред судот во Њујорк дека Трамп редовно пријавувал загуби на своите даночни пријави меѓу 2008 и 2019 година. Во 2009 година, на пример, во износ од 700 милиони долари, а во 2010 година, 200 милиони долари.

Даноците на поранешниот американски претседател Доналд Трамп беа досега најпознатата јавна тајна во САД, бидејќи тој, за разлика од секој друг кандидат во модерната историја, никогаш не ги открил пред претседателските избори во 2016 година.

„Њујорк тајмс“ објави во 2020 година дека Трамп платил само 750 долари данок на доход во 2017 година. Истиот весник објави и дека Трамп пријавил загуба од 915,7 милиони долари во 1995 година, избегнувајќи да плаќа даноци неколку години.

Бендер, од сметководствената фирма „Мазарс“, беше личен сметководител на Трамп долги години и ги поднесуваше даночните пријави.

Врховниот суд на САД му дозволи на Конгресот пристап до даночните пријави на Трамп.

Спонзорирано: