16.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Полицијата откри полни вреќи со тела: Куче трча по улица со човечка тупаница во устата

Во Мексико се откриени 53 вреќи полни со човечки останки, кои биле закопани на импровизирани гробишта.

Како што пишува Њујорк пост, дошле до страшно откритие откако било видено куче како трча низ градот со човечка тупаница во устата.

Импровизираните гробишта беа пронајдени на крајот на минатиот месец за време на фестивал во мексиканската држава каде нарко-картелите често водат улични битки, пренесува агенцијата Франс прес.

Откако во градот Ирапуато било видено куче со дел од човечка рака во устата, жителите почнале да бараат индиции кои ќе ги доведат до местото каде што животното ги нашло човечките останки.

Бибиана Мендоза, шеф на групата која трага по големиот број исчезнати лица за време на акцијата на картелот, вели дека на почетокот мислела дека е бескорисно да се копа и да се бараат тела.

Но, таа брзо сфати дека тоа не е така. Еден од исчезнатите е и нејзиниот брат, пренесува Мондо.

– Додека луѓето од целиот свет славеа на фестивалот, ние ги ископувавме телата – изјави таа за Франс прес.

Гуанахато се смета за најнасилна држава во Мексико – оваа година до септември таму беа убиени 2.400 луѓе, додека 3.000 од нив исчезнаа.

Жителите кои работат со форензички тим од крајот на октомври ексхумирале 53 вреќи со човечки останки, кои се обидуваат да ги идентификуваат.

Спонзорирано: