Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСвет

Москва и Киев разменија по 50 воени заробеници

Русија и Украина ја спроведоа најновата од серијата размени на воени заробеници, при што двете страни предадоа по 50 лица, соопштија властите во Киев и Москва.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина ослободила 50 руски војници, кои биле заробени

Андриј Јермак, шефот на администрацијата на украинскиот претседател, објави дека Украина примила 48 војници и двајца офицери.

„Успеавме да вратиме 19 бранители на Мариупол, како и 15 затвореници од нуклеарната централа во Чернобил и седуммина од Змискиот Остров“, рече Јермак.

Киев и Москва досега размениле над 1.000 воени заробеници од почетокот на конфликтот во февруари.

Украина ослободи 50 руски војници, соопшти руското Министерство за одбрана по размената на заробеници меѓу двете страни.