Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСвет

Кремљ: Нема руска нафта и гас за земјите кои поддржуваат ограничувања на цените

Русија соопшти дека е малку веројатно да продава гас и нафта на земјите кои го поддржуваат воведувањето ценовни ограничувања на руските енергетски производи. Кремљ на тој начин сигнализираше дека планира да возврати на земјите кои сакаат да воведат ограничување на цената на руската нафта.

Имено, најмоќните светски економии собрани во групата Г7 размислуваат да ја ограничат цената на руската нафта што се транспортира по морски пат на 65 до 70 долари за барел. Сепак, членките на ЕУ сè уште не се договориле за лимитот и се очекува преговорите да продолжат.

Кремљ денеска соопшти дека ќе донесе конечна одлука откако ќе ги анализира сите бројки.

„Засега стоиме на одлуката на претседателот Путин дека нема да продаваме нафта и гас доколку решат да ги ограничат цените“, изјави портпаролот на Путин Дмитриј Песков на редовната прес-конференција.