3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Хаос во Кина: Работниците протестираа, полицијата ги пречека со пендреци

Добавувачот на Apple, Foxconn, се извини за техничка грешка во системот за плаќање на вработените.

Извинувањето дојде еден ден откако фабриката за iPhone во Кина беше погодена од протест на работниците.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, неколку стотици работници демонстрираа преку најголемата фабрика за „ајфон“ во светот во кинескиот град Женгжу, жалејќи се на рестрикции за ковид и неисплатени заостанати плати.

Британскиот јавен сервис објави дека луѓето кои во живо ги пренесувале протестите на интернет тврделе дека работниците биле тепани од полицијата.

Вработен во Foxconn изјави за Би-Би-Си дека ситуацијата оттогаш е решена.

„Фокскон“ објави дека имало „техничка грешка при процесот на прием на нови членови“, додавајќи дека платите на новите вработени се исти како што се огласуваат.

Еден работник рече дека добил 8.000 јуани или 1.120 долари по протестот и требало да добие уште 2.000 јуани.

Тој посочи дека потоа немало повеќе протести и дека тој и неговите колеги можат да се вратат во фабриката.

Во фабриката во Женгжу работат повеќе од 200.000 луѓе, а тука се произведуваат најновите телефони, вклучувајќи ги и iPhone 14 Pro и Pro Max.