19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: Терористичката држава ја продолжува борбата против цивилите и објектите

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се огласи откако регионалниот гувернер на Запорожје, Олександр Старук, објави дека новороденче загинало во ракетен напад врз породилиште во градот Вилњанск во областа Запорожје.

„Терористичката држава ја продолжува борбата против цивилите и објектите. Како резултат на ракетниот напад на породилиштето во Вилнус, едно дете загина, а една жена е повредена. Веројатно се’ уште има луѓе под урнатините“, напиша Зеленски на „Телеграм“.

Како што рече: „окупаторите пукале во катната зграда и поликлиниката во Купјанск“.

Тој истакна дека две лица починале, а едно е хоспитализирано.

„Непријателот повторно реши да се обиде со ужас и убиство да го постигне она што деветтиот месец не може и нема да може да го направи. И ќе одговара за сето зло што и го донесе на нашата земја“, напиша тој.

Спонзорирано: