11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Украдено злато вредно милиони долари од музеј во Германија

Крадци упаднаа во музеј во градот Манчинг, во Горна Баварија (Германија), избегаа со златни богатства од келтскиот период вредни неколку милиони евра.

Крадците вчеравечер упаднаа во Келтскиот и Римскиот музеј и украдоа злато, извести баварската полиција.

Колекцијата од 450 златни монети била откриена во 1999 година во Манчинг, град во близина на Инголштад. Тоа беше најголемото откритие на келтското злато во минатиот век.

Златните монети се изложени во музејот од 2006 година. Оваа област некогаш била локација на голема келтска населба позната како Oppidum Manchinga.

Археолозите продолжуваат активно да ја истражуваат областа.

Спонзорирано: