10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Судот во Хаг: Холандското бомбардирање во Авганистан беше нелегално

Холандскиот суд во Хаг пресуди дека холандското гранатирање на станбен комплекс во авганистанската провинција Урузган, во јуни 2007 година, било нелегално.

Холандското Министерство за одбрана побара од обвинителството пред две години да го истражи гранатирањето во кое загинаа неколку десетици цивили.

„Холандија е одговорна за гранатирањето на тие куќи. Се знаело дека се населени со цивили. Холандската држава се осврна на фактот дека талибанците ги користеле куќите за воени цели и затоа бомбардирањето не било нелегално“, образложи судот во Хаг.

Судот посочува дека холандската држава, сепак, не појаснила доволно врз каква основа дошла до заклучок дека тие куќи ги користеле талибанците, па оттука бомбардирањето се смета за противзаконско.

Спонзорирано: