9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Орбан на удар на критики поради контроверзниот шал со мапа на „голема Унгарија“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се најде на удар на критики по објавувањето видео од фудбалски натпревар, на кое тој носи шал на кој е прикажана историска Унгарија.

На видеото се гледа како Орбан го поздравува унгарскиот фудбалер Балаш Џуџак облечен во шал на кој, според медиумите, е прикажана мапа на „голема Унгарија“ на границите пред 1920 година, кога земјата припаѓала на териториите кои сега се составен дел на Романија, Хрватска, Словачка, Србија, Австрија и Украина.

Видеото предизвика критики од голем број европски земји.

Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Олег Николенко во вторникот изјави дека Киев ќе го повика унгарскиот амбасадор „кој ќе биде информиран за неприфатливоста на чинот на Виктор Орбан“.

„Промоцијата на ревизионистички идеи во Унгарија не придонесува за развојот на украинско-унгарските односи и не е во согласност со принципите на европската политика. Очекуваме официјално извинување од украинската страна“, напиша Николенко на Фејсбук.

Бурно реагираше и романското Министерство за надворешни работи, кое соопшти дека унгарскиот амбасадор во Букурешт бил информиран за неговото „силно неодобрување на гестот“.

„Секое прикажување на ревизионизам, без разлика во каква форма, е неприфатливо, спротивно на реалноста и заедничките заложби“, се вели во соопштението на Министерството.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави во понеделникот дека официјален Загреб не треба да реагира на неговиот потег. Премиерот Андреј Пленковиќ во понеделникот изјави дека не го видел видеото на унгарскиот премиер како го носи контроверзниот шал.

Орбан се огласи на Фејсбук во вторникот, но не се осврна директно на контроверзноста на шегата.

„Фудбалот не е политика. Да не гледаме нешто што не постои. Унгарската репрезентација е тим на сите Унгарци, без разлика каде живеат“, напиша тој.