7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина испрати предупредување до НАТО

Кина го повика НАТО да не излегува од своите географски параметри, додавајќи дека Северноатлантската алијанса се проширува од крајот на Студената војна.

„Како регионална организација, НАТО треба да остане во рамките на своите географски параметри и не треба да се обидува да наметнува правила што му одговараат или да се обидува да прошири или дури да премине одредени граници“, рече Жао Лиџијан, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи, на прес-конференција во Пекинг.

Тој го обвини НАТО за „зголемување на бројот на интервенции во цела низа цивилни домени, вклучувајќи ги климатските промени, инфраструктурата, технолошките иновации, синџирите на снабдување, здравјето и енергијата“.

„НАТО ја пречекори својата клаузула за колективна одбрана на доменот на интернет и вселената, со кои треба да се занимаваат ОН и специјализираните меѓународни институции“, додаде кинескиот функционер.

Кинезите реагираа на изјавата на генералниот секретар на НАТО

Кинеското министерство на тој начин одговори на изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој во понеделникот во Шпанија рече дека „сојузниците го диверзифицираат своето снабдување“, додавајќи дека тоа е добро за безбедноста.

„Отпорноста и заштитата на нашите општества и инфраструктура сега се многу високо на агендата на НАТО“, рече Столтенберг, осврнувајќи се на новиот стратешки концепт на НАТО, кој беше претставен на самитот на алијансата претходно оваа година во Мадрид.

„Нашиот сегашен стратешки концепт се однесува на предизвиците што Кина ги претставува за нашата безбедност, нашите вредности и интереси. Дел од тоа е свесноста за тоа колку Кина се приближува и се обидува да контролира критични делови од нашите општества“, рече Столтенберг.

Но, Кина денеска соопшти дека „развојот на глобалниот индустриски синџир на снабдување е резултат не само на законите на пазарот, туку и на деловните одлуки.

„Кина во последните години разви здрава соработка, заснована на принципите на еднаквост, во соодветни области и со компании и земји од различни региони, вклучително и членки на НАТО, што беше заемно корисно. Воведувањето идеолошки разлики во економската и трговската соработка и исцртување линии за разграничување врз основа на вредности не е во интерес на меѓународната заедница и може да биде контрапродуктивно“, рече Жао.

Спонзорирано: