Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Трагедија во Колумбија: Авионот паднал во станбена зона

Даниел Кинтеро, градоначалник на Меделин, Колумбија, изјави дека осум лица загинале, вклучително и двајца членови на екипажот, кога малиот авион се урна во станбената област Белен Росалес.

„Авионот се урна околу 10:15 часот во Белен Росалес, населба многу блиску до аеродромот“, рече Кинтеро, кој пристигна на местото на несреќата неколку минути по експлозијата.

Од аеродромот „Олаја Херера“, од каде полетал авионот, на Твитер е објавено дека авионот ПА31 патувал од Меделин до Пизаро во Ел Чоку, на рута која требало да трае околу 25 минути.

„Оштетени се седум куќи и шест згради“, рече Кинтеро, додавајќи дека за среќа немало никој во најтешко оштетените згради.

Тој истакна дека жителот на едната куќа, која е целосно уништена, излегол пред да се урне авионот.

„Неколку минути по полетувањето, авионот пријавил дефект на моторот и не се вратил на аеродромот“, рече Кинтеро, истакнувајќи дека двете лица во авионот биле негови пријатели.

На местото на трагедијата се пожарникари и други надлежни служби.