4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Традиција стара повеќе децении: Џо Бајден помилува две мисирки

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, денеска, согласно традицијата, помилува две мисирки од Северна Каролина, и ги поштеди да бидат на трпезата за Денот на благодарноста.

Како што изјави Бајден на Твитер, станува збор за мисирки со име Chocolate and Chip. Американскиот претседател рече, со оглед на студеното време, не сака долг настан бидејќи никој не би сакал да оди на ладна мисирка.

Помилувањето на мисирките во Белата куќа е традиција која датира со децении. Што се однесува до мисирките на Бајден, Chocolate and Chip тежат околу 21 килограм.

Патем, милиони мисирки ќе бидат во печки за Денот на благодарноста низ САД во четврток.