Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на Твитер објави дека разговарал со високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел.
– Разочарани сме бидејќи не беше можно да се реши спорот за регистарските таблички на Косово. Време е за одговорност и прагматични решенија. Мора да се избегне ескалација. НАТО/КФОР останува на штрек – порача Столтенберг во објава на Твитер.
Да потсетиме, Борељ вчера во Брисел се сретна прво самостојно со Албина Курти и Александар Вучиќ, а потоа следуваше заедничка, трилатерална средба меѓу ЕУ, Србија и Косово.
Спонзорирано: