19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

САД: Курти да работи со претставниците на ЕУ за да се постигне фер компромис

САД се разочарани што лидерите на Србија и Косово не успеаја да се договорат за решение на спорот за регистарските таблички, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

Прајс во писмената изјава вели дека премиерот на Косово Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ треба да направат отстапки за да се осигураат дека нема да биде загрозен деценискиот тешко стекнат мир во и така кревкиот регион.

„Го повикуваме премиерот Курти да работи со високиот претставник на ЕУ, Борел и специјалниот претставник на ЕУ, Лајчак за да се постигне фер компромис“, се наведува во соопштението.

Прајс објави дека САД се приклучуваат на повиците на Европската Унија веднаш да се сопре со сите планирани мерки што ќе доведат до ескалација на тензиите, вклучително и казни за возачите кои не ги замениле српските регистарски таблички со косовски.

„Двете страни треба да се воздржат од преземање провокативни чекори, да ги исполнат своите обврски во рамките на дијалогот што го води ЕУ и да се ангажираат конструктивно во постигнување одржливо решение“, рече Прајс.

Спонзорирано: