Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСветТОП ВЕСТИ

Руските доброволци ангажирани во Украина добиваат статус на воени ветерани

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша нов закон, со кој руските доброволци ангажирани во Украина добиваат статус на воени ветерани.

Според новиот закон, статус воени ветерани и воени инвалиди ќе добијат и Русите мобилизирани „да им помагаат на мисиите на Вооружените сили на Русија за време на специјалната воена операција во Украина“, соопшти Кремљ.

Новата легислатива предвидува широки бенефиции и мерки за социјална помош за борците и нивните семејства.

Законот на 16 овој месец беше одобрен од Горниот дом на рускиот Парламент, а со потпишувањето од страна на рускиот претседател тој и формално стапи во сила.

За време на мобилизацијата од 21 септември до 28 октомври, Русија мобилизираше околу триста илјади војници. Путин претходно овој месец изјави дека околу 80 илјади нови регрути биле испратени во Украина, од кои 50 илјади се вклучени во борбени операции. Според Кремљ, Москва не планира дополнителна мобилизација.

Можеби ќе ве интересира…

  • Biznispro.com
  • Вести +
  • Жена
ПАДНА ОДЛУКА: Ново значително поевтинување на бензинот и дизелот, ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 % во… Прочитај повеќе

Денеска РКЕ ќе стокми нова цена на горивата

Денеска Регулаторната Комисија за Енергетика стандардно како и секој понеделник треба да донесе одлука за утврдување на нови цени на горивата, кои ќе важат од вторник. Во моментов бензините се… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе