14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија и САД ја повикуваат Турција на воздржаност во Сирија

Русија ја повикува Турција да покаже воздржаност и да спречи понатамошна ескалација во Сирија, изјави денеска на прес-конференција претставникот на рускиот претседател за Сирија, Александар Лаврентиев.

„Ги повикуваме нашите турски колеги да покажат одредена воздржаност за да се спречи ескалација на тензиите, не само на северот и североисточниот дел на Сирија, туку и низ целата земја. Сметаме дека треба да продолжиме да работиме со сите заинтересирани страни и да се обидеме да најдете вистински решенија, вклучително и за таканареченото курдско прашање“, рече Лаврентиев, пренесува ТАСС.

Рускиот дипломат потсети дека поради неодамнешниот терористички напад во центарот на Истанбул, во кој загинаа шест лица, а повеќе од 80 беа повредени, Турција започна воздушна операција наречена „Канџа-меч“.

Осомничените за овој напад во Истанбул признаа дека се поврзани со Курдистанската работничка партија (ПКК), чии активности се забранети во Турција.

Соединетите Американски Држави се против секоја воена акција што ја дестабилизира ситуацијата во Сирија, изјави портпаролот на Стејт департментот во врска со ескалацијата на меѓусебните напади на турската армија и курдската милиција по должина на границата со Сирија.

Спонзорирано: