Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Хорор во градинка: една од најопасните змии каснала дете

Австралиските работници за итни случаи интервенирале денеска во градинка во градот Бовен, на североистокот на Австралија, каде што змија каснала дете.

На раката на детето наводно биле видливи две рани од заби, а по неа лазела кафеава змија долга 40-ина сантиметри, објави „Дејли мејл“.

Засега не е позната состојбата на детето, но австралиските кафеави змии се сметаат за најсмртоносните во светот. Тие може да достигнат должина и до 2,5 метра, но отровот на некои видови кафеави змии за возрасни луѓе може да биде фатален, дури и пред целосно да пораснат змиите.