21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Борел: ЕУ мора да соработува со Кина

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, смета дека и покрај разните интереси и разликите во вредностите, Европската Унија мора да соработува со Кина.

„Имаме поинаков политички систем. Поинаку гледаме на демократијата и на човековите права и имаме поинаков поглед на мултилатерализмот“, изјави денеска Борел на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур.

Тој, сепак, смета дека овие разлики не треба да ја запрат соработката меѓу ЕУ и Кина. Кина е сè понаметлива и ЕУ треба да го земе тоа предвид и да не дејствува ниту наивно ниту алармантно, според Борел.

„Мораме да соработуваме, но и да се залагаме за нашите вредности“, додаде тој.

Борел смета дека глобалните проблеми не може да се решат без Кина и дека одвојувањето од Кина не е опција. Невозможно е да се прекине односот со Кина бидејќи трговската соработка на ЕУ со Кина е колосална, изјави шефот на европската дипломатија.

Спонзорирано: