12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Автомобил влета во продавница на Apple: Едно лице загина, најмалку 16 се повредени

Маж влета со својот автомобил во продавницата „Епл“ во Хингам, Масачусетс, при што беа повредени најмалку 16 лица, додека едно лице загина, јавува Си-Ен-Ен.

Според Тим Круз (Круз), обвинител на округот Плимут, властите примиле пријава околу 10:45 часот, а пожарникарите и полицијата биле испратени на местото на настанот.

– Темно-обоен џип излета низ стаклениот излог на продавницата, при што беа повредени неколку лица. Шеснаесет лица се пренесени во болници. Имаме еден смртен случај – им рекол Круз на американските новинари.

Поради оваа несреќа продавницата на Apple е привремено затворена, додека возачот е кај полицијата.

Спонзорирано: