Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Австрискиот канцелар Нехамер: Нема да ставиме вето на влезот на Хрватска во шенген

Австрискиот канцелар Карл Нехамер, денеска, ден пред неговата посета на Загреб, изјави дека неговата земја нема да стави вето на пристапувањето на Хрватска во шенген-зоната.

„Едвај чувствуваме мигрантски притисок од Хрватска кон север. Бидејќи Хрватска ги исполнува условите за заштита на границите на примерен начин, не гледам проблем таму. За земјите се гласа одделно“, рече Нехамер, пишува „Клајн цајтунг“.

Нехамер утре ќе се сретне со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, и со претседателот Зоран Милановиќ. Се претпоставува дека ќе разговараат за енергетските прашања и за проширувањето на шенген-зоната.

Австрискиот министер за внатрешни работи, Герхард Карнер, претходно се спротивстави на проширувањето на шенген-зоната во Хрватска, Бугарија и во Романија.