12.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
+МЕТЕОCENTARСВЕТИЗБОР

Во Хрватска паднаа 40 сантиметри снег

Снег вчера и во текот на ноќта падна во Хрватска. Многу делови од таа земја побелеа, а имаше и проблеми со сообраќајот.

Снег врнеше во реонот на Горски Котор и Лика. Ги обели и врвовите Учка и Чичарие и Платак.

Во седум часот утринава во Завижан се измерени 40 сантиметри, во Бегово Раздоље 33 сантиметри, во Делнице 27 сантиметри, во Парго 21 сантиметар. Во Црни Луг до седум часот се измерени 13 сантиметри снег, а во Огулин и Госпиќ четири сантиметри.

Поради обилниот снег Хрватите имаа дури и проблеми во сообраќајот, но врнежите попладне ослабнаа.

Судејќи според временската прогноза, денеска во Хрватска ќе биде посончево од вчера, иако претпладне има магла. Во вторник очекуваат повеќе врнежи во вид на дожд во низините и снег на повисоките места.

Спонзорирано: