7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Столтенберг: Шведска и Финска да ги заострат антитерористичките закони

Шведска и Финска треба да ги заострат своите антитерористички закони и да ја зголемат соработката со НАТО, вклучително и Турција, за „борба против тероризмот и терористичките организации како што е Курдистанската работничка партија“ (ПКК), изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

„Тоа е важно за Турција, бидејќи Турција е земја членка на НАТО која е најмногу изложена на терористички напади и е загрижена поради тоа. Таа мора да биде пропорционална, но Турција има право да се брани од терористички напади“, изјави тој за шведскиот јавен сервис СВТ.

Како што рече, нормално е дека за ратификацијата на барањето за пристапување на Шведска и Финска во Алијансата е потребно време.

Тој рече дека 28 од 30-те земји членки веќе ги ратификувале барањата за влез на двете нордиски земји во НАТО.

„Овој пат е изненадувачки што помина толку брзо“, истакна Столтенберг.

Финска и Шведска поднесоа барање за влез во НАТО на 18 мај, но Турција веднаш ги блокираше нивните кандидатури, барајќи од двете земји да ги прогласат курдските организации за терористички групи, да екстрадираат лица обвинети за тероризам или соучесништво во неуспешниот обид за државен удар во 2016 година.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 28 јуни разговараше со неговиот фински колега Саули Нииниста и тогашната премиерка на Шведска Магдалена Андерсон и Столтенберг.

Страните потпишаа меморандум со кој се отвори патот за приклучување на Стокхолм и Хелсинки во воената алијанса, а како што рече турскиот претседател, Шведска се обврза да екстрадира повеќе од 70 лица соучесници во терористички активности.

Спонзорирано: