Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СветТОП ВЕСТИ

Силен земјотрес во Индонезија: 44 загинати, над 300 повредени

Најмалку 44 лица загинаа, а повеќе од 300 луѓе се повредени во земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што ја погоди индонезиската провинција Западна Јава.

Херман Сухерман, владин функционер од Сианџур, градот во Западна Јава каде што епицентарот бил земјотресот, изјави за МетроТВ дека до 20 лица починале во болница во областа.

-Според информациите што во моментов ги имам, само во оваа болница починале речиси дваесет лица, а најмалку 300 се на лекување. Повеќето од нив имаат скршеници откако останале заробени во урнатините на зградите – рече тој. Националната агенција за катастрофи објави 14 смртни случаи.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 75 километри југоисточно од Џакарта, на длабочина од 10 километри, соопшти метеоролошкиот и геофизичкиот институт БМКГ, додавајќи дека нема опасност од цунами. Епицентарот на земјотресот бил на околу 75 километри југоисточно од Џакарта, на длабочина од 10 километри, соопшти метеоролошкиот и геофизичкиот институт БМКГ.

Некои ги евакуираа канцелариите во централната деловна област на Џакарта, додека други изјавија дека се чувствувале како зградите се тресат и гледале како мебелот се движи, изјавија очевидци за Ројтерс.

Шефот на БМКГ, Двикорита Карнавати, им се обрати на новинарите во зградата на парламентот и ги советуваше жителите да останат на отворено во случај на последователни потреси.

Суко Прајитно Ади (Прајитно) од БМКГ рече дека властите го проверуваат степенот на штетата предизвикана од земјотресот.