18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+СВЕТ

Радев сака избори во март, другите бараат што побргу

На последните избори народот не гласаше за доверба на ниту една политичка сила да владее сама, напротив – парламентот е расцепкан и тоа го прави напорот за проектирање на мнозинство тежок, но не и невозможен процес, пишува Независен.

Со овие зборови претседателот Румен Радев им се обрати на претставниците на „Демократска Бугарија“ со кои одржува консултации за формирање влада.

-Со загриженост следам што се случува во Народното собрание последниве денови и ми се чини дека тоа не го очекуваат бугарските граѓани. А, она што сите го чекаме – консолидација за успешна менаџерска формула оди во друга насока – до зголемување на конфронтацијата, противењето и исцртување на нови линии на поделба, рече Радев.

Според копретседателот на „Демократска Бугарија“, Христо Иванов, во сегашната ситуација тешко може да се формира влада.

-Аритметиката покажува дека се потребни не помалку од три партии. За да се биде стабилен, потребна е структура и приоритети. Јасно е дека бугарскиот систем оди кон фрагментација. клучен ќе биде дијалогот и барањето форми на соработка, но многу е важно тоа да не е непринципиелно“, рече Иванов.

Иванов посочи дека меѓу нивните главни приоритети се реформите во правосудството и разумниот економски курс.

-Ние не сме меѓу мандатарите, се трудиме да бидеме конструктивни. Поуките не се извлечени. Сите треба да се смириме и да се потсетиме која е агендата“, додаде тој.

Радев нагласи дека имало повици од разни кругови веднаш да даде мандат на други партии.

-По изборите се раководиме од две главни цели: Прват, да се направи максимум за да имаме редовна влада, да водиме дијалог и партиите да се оттргнат од агресивната предизборна реторика. Втората важна цел е консултациите да се темпираат на тој начин што ако имаме неуспех и не се формира влада, предвремените избори да не се во најтешкиот период, јануари и февруари. И тоа бара несомнено одложување.Јас ја носам таа одговорност, рече претседателот, додавајќи:

-Нема да закажам избори во јануари и февруари. Можеме само да замислиме до што ќе доведе тоа, бидејќи ризикот од уште помал одѕив на гласачите е реален. Така, третиот мандат ќе биде доделен после нова година за да има избори во месец март. Ако сите партии излезат и кажат дека сакаат да дадам мандати на други партии веднаш и дека се спремни за изборна кампања во декември, Божиќ, празници – и да одиме на избори во најтешки услови, ќе се усогласам. Веднаш ги давам мандатите еден по друг, се надевам дека нема да дојде до трет мандат, рече Радев.

Спонзорирано: