21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

(ВИДЕО) Првите снимки од силниот земјотрес во Индонезија: Луѓе со скршеници, 46 мртви

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска неколку секунди го потресе главниот град на Индонезија Џакарта, а загинаа десетици луѓе.

„Во регионалната болница Цианџур има 46 мртви и околу 700 повредени“, соопшти националната агенција за итни случаи.

Локалните власти соопштија дека се оштетени десетици згради, вклучително и куќи.

Бирото за метеорологија и геофизика (БМКГ) претходно соопшти дека земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погодил главниот град на Индонезија, Џакарта, а епицентарот на земјотресот бил во градот Цианџур во Западна Јава, на длабочина од 10 километри.

Околу 20 лица загинаа, а најмалку 300 се повредени во земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Западна Јава, изјави локален официјален претставник.

Херман Сухерман, владин функционер од Сианџур, градот во Западна Јава каде што е епицентарот на земјотресот, изјави дека до 20 лица починале во болница во областа.

„Според информациите што ги имам во моментов, речиси дваесет луѓе починале само во оваа болница, а најмалку 300 се лекуваат. Повеќето имаат скршеници на коските“, рече тој.

Националната агенција за катастрофи објави 14 смртни случаи.

Спонзорирано: