Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Пропадната средба меѓу Вучиќ и Курти во Брисел

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по разговорот со косовскиот премиер Албин Курти во Брисел изјави дека не бил постигнат апсолутно никаков договор за регистарските таблички, пишува Независен.

„Српската страна беше целосно конструктивна и ги прифативме текстовите што беа десет пати менувани, но албанската страна недна секунда не сакаше да прифати ништо, секогаш додаваше нешто што очигледно не беше можно“, рече Вучиќ, говорејќи за новинарите по средбата.

Тој рече дека Србија ќе го послуша советот на високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, кој побара Приштина да не применува казни за сопствениците на возила со српски регистарски таблички и Белград да не издава нови косовски таблички. „Ќе го почитуваме тоа и ќе постапиме соодветно, па ќе видиме што ќе направи другата страна“, рече Вучиќ и додаде дека српската страна инсистирала да се почитуваат потпишаните договори, што, како што истакна, било камен на сопнување.

Приштина, според него, сакал да примени нешто за што не се ни разговарало.

Вучиќ рече и дека не мисли „дека ќе имаме, не знам каква трагедија“, но рече дека „ни претстојат непроспиени ноќи“ и дека сигурно нема да биде лесно во наредниот период. Вучиќ ја искористи можноста и на Србите во Косово да им порача дека државата ќе биде со нив.

Вучиќ и Курти разговараа во Брисел како дел од дијалогот на високо ниво, кој беше свикан од ЕУ во обид да се спречи ескалација и тензии на теренот.

Претходно, двајцата учествуваа на одделни средби со шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, и со претставникот на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

Приштина во неделата објави дека го одложува изрекувањето на казните за возење автомобили со српски „КМ“ таблички за 24 часа. Иако претходно беше најавено дека пишувањето на казните ќе започне на 21 ноември, почетокот на таа акција беше поместен за 22 ноември.

Можеби ќе ве интересира…

  • Biznispro.com
  • Вести +
  • Жена
Ова се сите неработни денови за новогодишните и божикните празници во 2023 година

Со доаѓањето на крајот на старата 2022 година, многумина се прашуваат кои се неработните денови кои следат во декември и јануари со цел да си го испланираат слободното и празнично… Прочитај повеќе

Зеленски: Не му дозволуваме на непријателот да ги исполни своите намери, Русија бележи големи загуби

Украинскиот претседател Володимир Зеленски (Зеленски) зборуваше во ново видео обраќање во кое изјави дека ситуацијата на фронтот е многу тешка. – И покрај екстремно големите руски загуби, окупаторите се обидуваат… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе