10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Објавено е видео од предавањето на рускиот војник: дрон го води до позицијата на украинските сили

Снимките од дрон кои кружат на социјалните мрежи го покажуваат моментот кога руски војник им се предава на украинските сили.

„Drone Dawg“, профил на Твитер кој споделува вести за војната во Украина, вели дека војниците биле членови на групата Вагнер.

– Војникот на Вагнер се предава, Украинците со дрон го носат на своите позиции за безбедно предавање. Уште една цел на семоќниот дрон“, напиша тој на Твитер.

Форбс пишува дека видеото е снимено некаде во регионот на Донбас и дека дронот што го снимил предавањето и припаѓа на 54-та механизирана бригада на украинската армија.

Со рацете во воздух, руски војник наводно го следел дронот кон украинските линии.

– Беспилотните летала се најжестоките непријатели на окупаторот – напиша на Твитер украинското Министерство за одбрана.

– Овој го зароби окупаторот кој сфати дека предавањето е шанса за опстанок – додаваат тие.

Спонзорирано: