13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку 30 загинати и 40 ранети во турските воздушни напади врз курдските села во Сирија

Најмалку 31 лице загина во турските воздушни напади врз курдските позиции во североисточна Сирија, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права. Најмалку 40 лица се повредени или исчезнати, а некои се во тешка состојба, се додава.

Турското Министерство за одбрана претходно потврди дека од полноќ извршува воздушни напади врз базите на курдските милитанти во северна Сирија и северен Ирак. Тие беа насочени кон базите на Курдистанската работничка партија (ПКК) и ЈПГ, милицијата на сириските Курди, додаде Министерството.

Сириската опсерваторија за човекови права објави дека Турција извршила 25 воздушни напади врз областите контролирани од Сириските демократски сили (СДФ), предводени од ЈПГ, во руралните области на Кобен, Алепо и на други места.

Воздушните напади се случија седум дена по бомбашкиот напад во Истанбул во кој загинаа шест, а беа ранети повеќе од 80 луѓе. Турција ги обвини ЈПГ и забранетата ПКК за нападот, што таа го негира.

Спонзорирано: