19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Ердоган: Цената на изолацијата на Русија ќе биде бесконечна

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска оцени дека политиката на изолација на Русија ќе доведе до сериозни последици за европските земји.

– Цената ќе биде бесконечна. А Европа се повеќе ја плаќа таа цена, а со неа и Полска – рече Ердоган во емисијата „Москва. Кремљ. Путин“, на ТВ каналот Русија 1.

Од почетокот на војната во Украина, западните земји воведоа голем број санкции кон Русија, што предизвика пораст на цените на енергијата и рекордна инфлација во многу земји.

Како што објавија бројни медиуми, рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган разговарале пред два дена, а една од темите била имплементацијата на договорот за жито.

Спонзорирано: