15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+СВЕТ

Страшна сообраќајна несреќа во Египет: 12 загинати, 30 повредени

Најмалку 12 лица загинаа, а 30 се повредени во неделата во сообраќајна несреќа во источен Египет, јавија локалните медиуми.

Несреќата се случила кога автобусот се судрил со камион на патот Зафарана-Рас Гареб, 40 километри северно од Рас Гареб во провинцијата Црвеното Море, пишува весникот „Ал-Масри Ел-Јум“.

Трагедија во Египет: Три лица загинаа при уривање на зграда
Египетските власти соопштија дека Обвинителството покренало истрага за причините за судирот.

Египет има лоши патишта и покрај напорите на владата да ја подобри патната инфраструктура во земјата.

Според државната агенција за статистика CAPMAS, Египет забележал 51.511 смртни случаи во сообраќајни несреќи во 2021 година.

Спонзорирано: