17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се активираа два вулкани на Камчатка

Два вулкани на рускиот полуостров Камчатка почнаа да исфрлаат пепел и лава во воздухот, а научниците велат дека се можни големи ерупции.

Полуостровот, кој се протега во Тихиот Океан на околу 6.600 километри источно од Москва, е едно од најконцентрираните области на геотермална активност во светот, со околу 30 активни вулкани.

Ненадејната нова активност уследи по вчерашниот силен земјотрес.

Институтот за вулканологија на Руската академија на науките објави дека дури 10 експлозии на час се регистрирани во Кључевскаја Сопка, кој е највисокиот активен вулкан во Евроазија со 4.754 метри.

Текот на лава и емисиите на пепел доаѓаат и од вулканот Шивелуч, соопшти институтот.

Камчатка е ретко населена. Градот Кључи, со околу 5.000 жители, се наоѓа помеѓу два вулкани, на 30 километри од секоj.

Спонзорирано: