18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНА+СВЕТИЗБОР

Руската агресија е закана за целиот свет, почеток на нова крвава ера

Тоа што Путин велеше дека ќе биде тридневна „специјална операција“ во Украина, се претвори во крвава, речиси десетмесечна воена агресија во која руската армија и платеничките паравојски спроведуваат брутални воени злосторства против цивилното население на секој чекор.

Русија претрпе понижувачки пораз од десетпати послабо вооружената украинска армија и од граѓанките и граѓаните кои со оружје и со невиден хероизам ја бранат својата земја. Освен тоа што Путин без причина изврши ѕверска воена агресија врз една независна и мирољубива држава (уште во 2014 година), тој се заканува од корен да го промени меѓународниот поредок и да воведе нова крвава ера во светот.

Во тој контекст е и извадокот од едиторијалот на Џабир Дерала под наслов „Зошто судбината на Украина е и судбина на светот?“, објавен на 3 ноември:

Бруталната агресија на Русија против Украина веќе во 2014 година, а уште повеќе со обидот за целосна инвазија во 2022 година, повторно се создаде простор за „убивање на државите“ со негирање на територијалниот интегритет на државите. Така, овој крвав конфликт во кој понижувачките порази на фронтот, Путиновата солдатеска ги компензира со воени злосторства против цивилното население и со глобална закана со енергенси и храна, може да стане секојдневие насекаде низ светот.

Ако Путин и неговите партнери барем делумно успеат во своите злосторнички намери и ако тие се извлечат од одговорноста за ѕверската агресија и таргетирање на цивилите, светот кој го познаваме ќе потоне во заборав. Наместо тоа, можеме да очекуваме секојдневни нови воени жаришта и терористички акции, нуклеарни закани, глад, несигурност и брутални насилства насекаде во светот.

Затоа, судбината на Украина е и судбина на светот.

/Извор: ЦИВИЛ МЕДИА

Спонзорирано: