7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Пентагон тврди: Русија сака да ја исцрпи воздушната одбрана на Украина

Зголемените руски ракетни напади во Украина делумно се дизајнирани да ја истрошат воздушната одбрана на Киев и Русија конечно да доминира во украинскиот воздушен простор, изјави висок претставник на Пентагон.

Русија минатата недела гранатираше градови низ Украина во една од најжестоките серии ракетни напади откако Москва ја започна својата инвазија пред речиси девет месеци.

Украинската страна вели дека руските удари оневозможиле речиси половина од енергетскиот систем на Украина, што, со оглед на доаѓањето на зимата, укажува на потенцијална хуманитарна катастрофа.

Колин Кал, главниот политички советник на Пентагон, предупредува дека Москва се надева истовремено да ја исцрпи украинската противвоздушна одбрана, која досега ја спречуваше руската војска да се обиде да воспостави доминација над украинскиот воздушен простор.

По руската инвазија на Украина на 24 февруари, западните воени експерти нашироко очекуваа дека руската војска ќе се обиде веднаш да ги уништи воздушните сили и воздушната одбрана на Украина како клучен елемент на модерната воена стратегија, овозможувајќи подобра поддршка за копнените сили.

Но, украинската армија им се закани на руските авиони со ракети земја-воздух и други системи за противвоздушна одбрана. Руските сили се уште не го контролираат украинскиот воздушен простор. Тој ран руски воен неуспех беше клучна причина за проблемите на Русија во Украина. Русија ја продолжува својата неуспешна инвазија без оглед на големите жртви и загубата на воена опрема.

Кал рече дека „верува оти Русите биле најмногу изненадени од степенот до кој украинската воздушна одбрана била силна од самиот почеток на конфликтот“.

– Ова во голема мера е резултат на генијалноста и мудроста на самите Украинци при управувањето со системот за противвоздушна одбрана, но и фактот што Соединетите Американски Држави и другите сојузнички земји им пружија голема поддршка – посочи тој.

Спонзорирано: