20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

На самитот за климата постигнат договор за формирање фонд за помош на сиромашните земји

Земјите кои учествуваат на климатскиот самит COP27 во Египет рано утринава постигнаа договор за формирање фонд за помош на сиромашните земји погодени од климатските промени и катастрофи.

По неколкучасовни преговори, египетското претседателство на самитот COP27 го објави текстот на договорот кој предвидува формирање фонд за помош на земјите во борбата против поплавите и сушите, но договорот не ги поттикнува напорите за сузбивање на емисиите на штетни гасови кои водат на ваквите појави.

Добар дел од одлуките за формирање на тој фонд се одложени за следната година, кога „преодниот комитет“ треба да даде препораки кои потоа би биле усвоени на следниот самит COP28 во ноември 2023 година.

Спонзорирано: