11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кадиров го нападна Западот и се закани на Украинците: Овие кучиња ќе го добијат тоа што го заслужуваат

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров во објава на својот канал Телеграм го нападна Западот и жестоко им се закани на украинските војници кои, како што тврди, извршиле воено злосторство против руските затвореници.

Тој рече дека на видеото кое кружи на социјалните мрежи „јасно се гледа како украинските националисти во селото Макеевка ладнокрвно пукаат во руски воени затвореници кои доброволно го положиле оружјето“.

„Зарем не треба да се каже дека ова е директно кршење на сите меѓународни конвенции кои повикуваат на строго почитување на пропишаните норми за војување? Сепак, Западот, во своето вродено лицемерие, молчи на оваа тема“, рече Кадиров.

Потоа ги нападнал украинските војници кои наводно го извршиле злосторството.

„Не само што го извршија злосторството, тие потчинети на сатаната потоа цинично го објавија на интернет, чувствувајќи апсолутна неказнивост“, напиша тој.

„Сигурен сум дека одмаздата за стореното злосторство нема долго да дојде. Ќе се потрудиме овие пеколни кучиња да го добијат она што го заслужуваат. Тие не заслужуваат никакви права или прифатени норми“, рече чеченскиот лидер.

„Зошто светската заедница молчи? Каде се тие гласноговорници на западната демократија кои повикуваат на почитување на правата? Дали навистина не ги забележуваат сите овие ѕверства? Се разбира, тие многу добро го гледаат тоа, но избегнуваат публицитет бидејќи во очите на луѓето, режимот во Киев треба да изгледа како демократска оаза со лоша Русија во позадина“, напиша Кадиров.

Спонзорирано: