10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
+СВЕТИЗБОР

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО ПОПЛАВИТЕ ВО АЛБАНИЈА: Татко (50) и син (18) ги однела водата додека биле во својот автомобил

Двајца мажи загинаа во поплави поради силниот дожд за време на викендот во северозападниот регион Скадар во Албанија, соопшти денеска локалната полиција.

Водата го однела автомобилот во кој се превезувале 50-годишен маж и неговиот 18-годишен син, соопшти полицијата, додавајќи дека во возилото била и ќерката на возачот која била спасена.

Седум семејства се евакуирани од своите домови во регионот на Скадар, на околу 140 километри северно од Тирана, додека на многу локални жители им се закануваат поплави и лизгање на земјиштето, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Неколку стотици хектари земјиште во областа се поплавени, додека мештаните известуваат дека реките се излеваат, а водата ги оштетува домовите и инфраструктурата.

Спонзорирано: