10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Автобус падна од карпа во река во Авганистан, најмалку 10 мртви

Најмалку 10 лица загинаа, а 40 се повредени кога автобус падна од карпа кај преминот Саланг во Авганистан, соопшти денеска локалната служба за безбедност.

Несреќата се случила на автопатот Кабул-Баглан во областа Малхан.

Превојот Саланг се наоѓа во планините Хиндукуш, а тунелот долг 2,67 километри, кој минува под самиот премин, го изградил Советскиот Сојуз во 1964 година.

Тунелот го поврзува северен Авганистан со главниот град Кабул и јужните делови на земјата.

Спонзорирано: