11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Можно целосно исклучување на електричната мрежа во Киев

Градските власти во Киев вчера предупредија дека е можно целосно исклучување на електричната мрежа во главниот град, а украинскиот премиер Денис Шмихал изјави дека речиси половина од енергетскиот систем на земјата е оневозможен поради руските напади.

Во изминатите неколку недели Русија ги засили нападите врз украинските енергетски капацитети, а во вторник и четврток ја таргетираше енергетската инфраструктура низ целата земја со силни воздушни напади, објави Ројтерс.

„За жал, Русија продолжува да извршува ракетни напади врз украинската цивилна и критична инфраструктура. Речиси половина од нашиот енергетски систем е исклучен“, рече Шмихал по разговорите со европскиот комесар за трговија Валдис Домбровскис.

Киев е еден од градовите најтешко погодени од напади со ракети и беспилотни летала, кои повремено го прекинуваат снабдувањето струја, греење и вода во многу области како што наближува зимата, наведува британската агенција.

„Се подготвуваме за различни сценарија, вклучително и целосно исклучување“, рече заменик-шефот на градската администрација, Микола Поворозник.

Тој не прецизираше што ќе се случи ако електричната мрежа целосно се исклучи, но властите рекоа дека не размислуваат за евакуација на ниту еден град.

Спонзорирано: