20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+СВЕТИЗБОР

Во пожарот загинаа повеќе од 20 Палестинци, меѓу кои седум деца

Најмалку 21 лице загина во пожар што избувна во зграда во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа, јавува Анадолија. Палестинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека пожарот избувнал во зграда лоцирана во кампот Џабалија.

Цивилната заштита соопшти дека во зградата каде што избувнал пожарот се пронајдени тела на 21 лице, меѓу кои и жени и деца. Се уште не е познат бројот на повредени во пожарот.

Екипите на Цивилната заштита го ставија пожарот под контрола и спречија да се прошири на други објекти.

Според првичните информации, пожарот го предизвикал бензин кој бил во зградата. За инцидентот е започната истрага.

Во соопштението на Министерството за здравство се наведува дека министерката Маи ал Каила дала инструкции повредените во пожарот, доколку има потреба, да бидат префрлени во болниците на Западниот Брег.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас прогласи национална жалост во земјата по пожарот.

Абас го опиша страдањето на голем број луѓе како „национална катастрофа“ и им нареди на надлежните институции да обезбедат секаква поддршка и помош на семејствата на жртвите.

Спонзорирано: