10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

(Видео) Снежно невреме зафати делови од Њујорк, прогласена е вонредна состојба

Снежна бура денеска ја зафати западната држава Њујорк, вклучувајќи го и градот Бафало.

Во текот на викендот се очекува да падне повеќе од еден метар снег во градот и другите делови на западната држава Њујорк, јавува Ројтерс.

Во округот Ири, кој го опфаќа градот Бафало, е прогласена вонредна состојба, а возењето е забрането освен во итни случаи.

Јавните училишта во Бафало ја откажаа наставата за повеќе од 32.000 ученици, а натпреварот во американски фудбал помеѓу локалните Бафало Билс и Кливленд Браунс беше преместен во Детроит.

Обилните снежни врнежи не се невообичаени за западниот дел на државата Њујорк, кога топлите води на Големите езера Ири и Онтарио доаѓаат во контакт со студениот воздух што доаѓа од Арктикот.

Спонзорирано: