7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција: 17 осомничени за бомбашкиот напад во Истанбул

Судот во Турција одреди притвор до почетокот на судењето за 17 осомничени за организацијата на бомбашкиот напад во Истанбул, во кој загинаа шест лица, а 81 беа повредени.

Тие се обвинети за напад на унитарноста на државата, намерни убиства и обиди за убиства, јавува агенцијата Анадолија.

На 29 лица уапсени од полицијата во врска со нападот им беше наредено да бидат депортирани од Турција.

Турските власти за нападот го обвинија сирискиот огранок на Курдистанската работничка партија (ПКК).

Од друга страна ПКК негираше вмешаност во овој напад.

Спонзорирано: