9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шведско обвинителство: Експлозиите на Северен тек беа саботажа

Експлозиите на гасоводите „Северен тeк еден“ и „Северен тeк два“ ​​се чин на саботажа, соопшти шведското обвинителство.

Во соопштението се додава дека истрагата продолжува.

При претресот на местото на инцидентот во Балтичкото море, собрани се значителни докази и се е детално документирано. Проверките што се извршени до денес, на неколку пронајдени предмети покажале траги од експлозив, пишува ТАШ.

Обвинителот Матс Љунгквист, кој ја води истрагата, рече дека прелиминарните анализи продолжуваат со цел да се донесат дополнителни значајни заклучоци за инцидентот.

Спонзорирано: