13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива
СВЕТ

Поплави во Хрватска: возилата не може да поминат преку надојдената вода

Силно невреме проследено со грмежи утрово зафати делови од Хрватска, особено Риека, Нови Винодолски, Малинска и Цриквеница.

„Патот во Нови Винодолски е затворен во двата правца“, објави корисник на „Фејсбук“ со видео, како што наведува хрватскиот портал „Индекс“, на апокалиптични сцени и надојдена вода на ова место.

На социјалните мрежи беа објавени и видеа од возила што се обидуваат да се пробијат низ надојдената вода.

Денеска, беше активиран портокалов метеоаларм за регионот на Риека, што укажува на опасно време, а жолт метеоаларм е активиран за остатокот од државата, освен за Осиек.

Спонзорирано: