20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Може ли Берлускони да го доведе Путин на преговарачка маса?

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони смета дека само тој може да го доведе рускиот претседател Владимир Путин на преговарачка маса со Украина, пишува британскиот весник „Спектејтор“ повикувајќи се на италијанскиот заменик министер за култура Виторио Згарби, кој е близок до Берлускони.

„Силвио Берлускони верува дека само тој може да го намами својот стар пријател Владимир Путин на преговарачка маса и има намера да го стори тоа пред (католички) Божиќ“, пишува весникот.

Според Згарби, тој „прекрасен гест“ му се допаѓа на Берлускони.

„Токму ова е гестот што планира да го направи. Тој верува дека може да го постигне, а ако го направи без да ги поткопува позициите на НАТО, ќе влезе во историските книги како светски херој“, посочи Згарби.

Спонзорирано: