12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Ковачевски: Патот кон Европа бара храбри одлуки, но тоа е единствениот пат за подобра иднина на младите

После 17 години во чекалната, започнавме преговори со ЕУ. За Македонците е важно што успеавме да го заштитиме македонски јазик и идентитет. На чекор сме да го оствариме сонот на нашите предци, желбите на многу генерации, да ја обезбедиме еднаш засекогаш иднината на младите рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва од трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Кичево.

– Шанса за идните генерации млади, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци, да создаваат и да се развиваат дома, во својата земја членка на ЕУ а не во туѓа земја на ЕУ.Така се сака сопствената татковина. Кога е време да се донесе тешка одлука, одговорност на лидерите е да ја преземат одговорноста како влог во иднината на својот народ и држава, рече претседателот Ковачевски.

Никој не ветува рај во земјата, но иднината на нашата земја е во ЕУ, додаде Ковачевски

-Никој не ветува рај во земјата, но иднината на нашата земја е во ЕУ. Да ја земеме нашата иднина во свои раце, да тргнеме кон Европа и да оставиме подобар аманет за нашите деца. “ рече Ковачевски

Патот кон Европа бара храбри одлуки, но тоа е единствениот пат напред за подобра иднина на нашата земја. Да останеме во место, таму каде што сме не е опција. ЕУ е сè уште единствената реална опција што ја имаме за закон, ред и подобар животен стандард – колку побрзо, толку подобро, без време за губење, рече претседателот Ковачевски на вечерашната трибина во Кичево.

Спонзорирано: